Виена и Атина најавија иницијатива за интеграција на Западниот Балкан

Виена и Атина најавија иницијатива за интеграција на Западниот Балкан

Шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделгер и алтернативиот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас најавија иницијатива за забрзување на процесот на проширување кон Западниот Балкан. Тие упатија заедничко писмо адресирано до министерката за надворешни работи на ЕУ Катрин Аштон, во кое се наведува дека сега е вистинскиот момент да се забрза итеграцијата на Западиот Балкан.

Според Шпинделгер и Друцас, во втората половина на минатата година направен е вистински исчекор што овоможува интезивирање на процесите: хрватските преговори се деблокираа, се разгледува албанската кандидатура, а Србија и формално аплицираше за членство во Унијата.

Официјални Виена и Атина со ова писмо вршат притисок за јасна декларација што би требало да биде усвоена на самитот на ЕУ и Западниот Балкан закажан за мај годинава. Иницијативата на двете земји доби подршка од Шпанија како претседавач, Италија,Унгарија, Словачка и Чешката Република.

Шпиделгер и Друцас во писмото наведуваат конкретни чекори што треба да ги направи секоја земја на Западиот Балкан: Македонија да прифати взаемно прифатливо решение со Грција, Хрватска да ги затвори преговорите, Србија да покаже кокретен прогрес во врска со ангажманот на ЕУ на Косово, Босна и Херцеговина да го обнови реформскиот процес, а Црна Гора и Албанија да покажат конкретни резулати што ќе овозможат да им се одобрат кандидатурите за членство.

Итеграцијата на Западниот Балкан сега треба да биде основниот приоритет на ЕУ и тој да не биде потиснуван од други прашања, велат Друцас и Шпинделгер.

Шефот на финската дипломатија Александар Стуб за време на посетата на Скопје вторникот изрази надеж дека проблемот со името ќе биде решен во април. Тој по средбата со домаќинот и колегата Антонио Милошоски најави поголемо учество на меѓународната заедница во решавање на спорот за името, а говореше и за конкретни рокови кога може да се очекува решение.

„Многу прашања веќе се решени во ЕУ, а претходно поминале низ криза, затоа што ЕУ во многу наликува на менаџер на кризи. Како мислам дека ќе се направи тоа? Веројатно на највисоко ниво, така што мислам дека некоја од големите земји како Франција, Германија и Велика Британија, вклучувајќи го и новиот претседател на ЕУ, ќе разговараат директно со премиерот Папандреу. Исто така, имам чувство дека малку може да се случи пред претседателските избори во Грција во март. Се надевам дека работите ќе се придвижат потоа и дека ќе најдеме решение во април“, кажа Стуб.

Милошоски го повтори ставот какво решение би било прифатливо за Македонија.

„Македонија ќе биде подготвена за компромис кој ќе го сочува нашето национално достоинство, јазикот и нашето суверено право македонските граѓани да одлучуваат за сите суверени симболи, вклучувајќи го и името Република Македонија“ изјави Милошоски.