Обама ги поттикнува демократите да не брзаат со здравствената реформа

Американскиот претседател Барак Обама ги поттикна своите сопартијци во сенатот да почекаат републиканскиот сенатор од Масачусетц да ја преземе функцијата пред да пристапат кон продолжување на процесот по предложената реформа на здравствениот систем .

Скот Браун во вторникот го доби местото што близу половина век го држеше починатиот демократски сенатор Едвард „Тед" Кенеди – лидер на движењето за реформа на здравството.

Во интервју за телевизијата АБЦ во средата, Обама ги поттикна сенатските демократи да не ја туркаат легислативата за реформа на здравството низ Конгресот, туку да почекаат додека Браун даде заклетва на функцијата.

Браун водеше кампања против легислативата за здравствена реформа на претседателот во трката против демократот Марта Кокли.

Зборувајќи во среда, лидерот на мнозинството во сенатот Хари Рид кажа дека демократите ќе продолжат да работат во интерес на усвојување на предлог-законот за реформа на здравството. Тој ги поттикна Републиканците да работат заедно како партнери.