Ако наводниот бомбаш на летот кон САД на Божиќ минал низ скенер за цело тело, експлозивот можел да бил откриен многу порано.
САД, Британија, Холандија, Франција и Италија објавија планови за
инсталирање вакви направи на на
аеродромите.
Тоа
предизвика дискусија за можен ризик од рак заради радијацијата емитувана од
скенерите.
Експертите велат – тој ризик е мал. Радијацијата од оваа технологија е 2000 пати помала од онаа за снимки на градите и 200
илјади пати помала од такареченото
кет-скенирање.
Махадевапа Махеш е професор по
радиологија на Школата за медицина на
Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор. Тој вели дека целосното експонирање е
меѓу 8 и 15 секунди, а дозата на радијација е мала зашто рентгенските зраци не
пенетрираат во телото.
„Бидејќи дозата е мала, тие само рефлектираат назад, и растурената радијација што доаѓа од телото всушност се фаќа со детектор и така ја добивате сликата", вели Махеш.
Но
овие машини се скапи. За многу африкански и сиромашни држави е невозможно да ги
купат и инсталираат.
Дури и ако развиените
земји ги донираат машините,
останува зголемен ризик по здравјето
зашто земјите во развој ќе имаат тешкотии во нивото одржување.
Заклучокот од ова е дека се потребни повеќе проучувања.