Пакистански научник пред американски суд

Денеска во Њујурк почна судскиот процес против пакистански невролог, жена обвинета за обид за убиство на американски армиски припадници во Авганистан.

Афиа Сидики, школувана во САД, се соочува со кривично дело обид за убиство заради одземање на пиштолот на американски испитувач и стрелала врз агенти на ФБИ додека била испрашувана во Авганистан во 2008-ма.

Во инцидентот Сидики била погодена.

Американските обвинители велат дека Сидики била приведена во градот Газни во авганистанска провинција откако кај неа биле пронајдени документи за правење експлозив, за употреба на хемиско оружје, и опис на американски значајни објекти.

Сидики одбива да соработува со властите. Минатата недела била отстранета од судницата заради попречување на текот на судењето.

Нејзиниот адвокат вели дека таа е ментално растроена, но судијата го отфрли наодот и донесе одлука судењето да продолжи.