По речиси 30 години како сенатор од североисточната
сојузна држава Конетикат, Кристофер Дод вели дека нема да бара реизбор подоцна годинава.
Зборувајќи од неговиот дом во среда, Дод рече дека ја
донел одлуката пред две
недели и призна дека тоа била најтешка во неговата политичка кариера.
Тој исто така ги наведе смртта на неговата сестра и
на неговиот близок пријател, сенаторот Тед Кенеди, како и
неговата сопствена битка со рак на
простата –
сето тоа во текот на изминатата година – како аргументи
кои придонеле за одлуката.
Соопштението на Дод доаѓа еден ден откако неговиот колега, демократскиот сенатор Бајрон Дорган од среднозападната сојузна држава Северна Дакота, рече дека нема да бара реизбор.