Американски извештај вели разузнавањето во Авганистан треба да се промени

Шефот на американското армиско разузнавање во Авганистан вели дека американските разузнавачки агенции премногу се фокусирани на собирање податоци за бунтовничките групи, а недоволно на авганистанскиот народ кого меѓународните трупи сакаат да го придобијат.

Во нов извештај за слабостите на разузнавачката заедница, генералот Мајкл Флин кажа дека главните лидери се` уште немаат вистински информации за донесување одлуки и дека медиумите во голема мерка го водат работите.

По повеќе од осум години на американските разузнавачи во Авганистан, извештајот вели дека разузнавањето се` уште не е во состојба да одговори на прашањата за авганистанскиот народ и не може да ги информира американските и НАТО сили за средината во која тие оперираат.

Извештајот беше објавен во понеделникот од Центарот за нова американска безбедност, истражувачка организација со седиште во Вашингтон.