Судски службеник застрелан во Лас Вегас

Полицијата вели дека вооружено лице отворило оган во холот на зградата на федерален суд во Лас Вегас во понеделник, убивајќи судски службеник и ранувајќи американски маршал.

Властите велат дека лицето влегло во федералната судска зграда Лојд Џорџ во понеделник и почнало да пука. Стрелањето траело неколку минути.

Специјалниот агент на ЕфБиАј Џозеф Дики кажа дека властите пукале и го убиле вооруженото лице преку улицата, кусо време по пукањето.

Властите веруваат дека лицето делувало само, а истрагата работи на откривање на неговиот идентитет и мотив за пукањето.

Зградата на федералниот суд, во која се и просториите на американските сенатори Хари Рид и Џон Енсаин, била евакуирана. Ниеден од сенаторите не бил внатре за време на пукањето.