САД: Поголеми проверки за патниците од 14 држави

Американската влада нареди посилни проверки за луѓе кои влегуваат во САД од 14 држави со висок ризик за тероризам.

Новите безбедносни мерки дојдоа по неуспешниот напад на авион упатен за САД на денот на католички Божиќ.

Администрацијата за безбедност во сообраќајот во неделата кажа дека секој поединец кој влегува во САД „од или преку земји кои се државни спонзори на тероризам или од други држави од интерес“ ќе бидат подложени на „засилени проверки“. Листата на американскиот Стејт департмент за државни спозори на тероризам е сочинета од четири земји – Куба, Иран, Судан и Сирија. Американските медиуми велат дека патниците од Авганистан, Алжир, Ирак, Либан, Либија, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Сомалија и Јемен исто така ќе бидат подложени на построги проверки.

Дополнителните безбедносни мерки може да вклучат рачно прегледување со тапкање по телото, проверка на багажот за откривање експлозиви и скенирање на телото.

Агенцијата исто така нареди „целокупно засилување на технологиите на проверка“ заедно со проверки “базирани на терористичка закана“ и проверка по случаен избор, за авионски патници упатени кон САД.