Иран продолжува со угнетување на дисидентството

Иранските опозициони групи велат дека околу 10 лица биле уапсени во вторникот, меѓу кои и познат новинар. Властите претходно привеле најмалку осуммина опозициони фигури.

Зетот на опозициониот лидер Мир Хосеин Мусави наводно е меѓу уапсените во вторник.

Иранската добитничка на Нобелова награда за мир Ширин Евади објавила соопштение велејќи дека нејзината сестра Ноошин била притворена во понеделникот. Ноошим Ебади е медицински професор во Техеран.

Опозициони веб-страници известуваат за нови протести и судири меѓу студентите и силите на обезбедувањето на универзитет во Техеран во вторник.

Истиот ден иранската владина телевизија соопшти дека акцијата во врвните ирански универзитети против студентите се должела на противдржавните акти.

Два дена откако прославата на Ашура се претвори во масовно анти-владино собирање, иранската владина телевизија во вторник започна офанзива, покажувајќи слики на про-владини демонстрации низ земјата.

Властите ги негираат тврдењата дека безбедносните сили отвориле оган на демонстрантите.