Во самоубиствен бомбашки напад во Карачи – 20 загинати

Пакистански официјални лица соопштија дека бомбаш-самоубиец се разнел среде религиозна поворка на шиитските Муслимани во јужниот град Карачи при што се убиени 20 лица, а повредени десетици.

Официјални лица велат дека бомбашот се разнел меѓу верниците кои го славеле светиот фестивал Ашура во главната трговска метропола во земјата.

Бомбашкиот напад во Карачи е втор голем напад врз шиитските Муслимани, малцинство во Пакистан, во последниве два дена. Бомбаш-самоубиец во џамија на Шиитите во делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан, уби најмалку 10 лица, и повреди повеќе од 80.

Властите ги зајакнаа безбедносните мерки ширум земјата за време на одржувањето на фестивалот Ашура, кој честопати се совпаѓа со почетокот на бранот секташко насилство.