Обама го слави Божиќ во Хаваи

Претседателот приватно го одбележува Божиќ, со семејството и пријателите.

Не планира јавни настапи за време на неговиот празничен одмор, но ќе продолжи да биде информиран за настаните во светот од советниците и персоналот.

И иако има намера да остане главно надвор од јавната сцена за празниците, тој сними божиќна порака што беше дистрибуирана преку радио мрежите и Интернет.

Во неа тој се фокусира на американските армиски сили кои се распоредени далеку од дома за време на празничната сезона:

„ На сите мажи и жени во униформа, кои ги минуваат празниците далеку од дома, дали во бази овде во САД, во Ирак или во Авганистан, знајте дека сте во нашите мисли и молитви."

Претседателот вели дека тие ја уживаат неговата поддршка, додавајќи дека е горд што е нивниот врховен командант.

„И оваа празнична сезона, како и секоја празнична сезона, знајте дека правиме се` што е во наша моќ да успеете во вашата мисија и безбедно да се вратите дома кај своите семејства", ги увери претседателот Обама.

Во неговото неделно обраќање, претседателот ги повикува сите Американци да сторат се` што можат да покажат благодарност спрема трупите. Првата дама Мишел Обама исто така апелираше за поддршка на армиските семејства, велејќи дека ним таа им треба особено за време на празниците.