Бернард Медоф, осуден за најголема финансиска проневера во американската историја, е префрлен во болничкиот дел на затворот каде ја отслужува казната.
Официјални лица не
ја откриваат причината за префрлањето, повикувајќи се на законите за заштита на
приватноста.
Медоф е осуден на 150-години затвор за оркестрирање на проневера тешка 65
милијарди долари, најголем криминал од таков вид во
историјата.
71-годишниот поранешен финансиер и измамник на Вол Стрит,
ја отслужува казната во федерален затвор во Бантнер, Северна Каролина.