Градоначалникот на Вашингтон Адријан Фенти потпиша легислатива за легализирање на истополовите бракови.
Градскиот совет претходно се изјасни за неа со 11 гласови „за“ и 2 „против“ во вторникот. Бидејќи главниот американски град е под надлежност на федералната влада, Конгресот има право да изврши преглед и да интервенира во процесот на донесување на закони, но тоа мора да го стори во рок од 30 дена. Според очекувањата, мерката најверојатно нема да доживее промени.
Па сепак, легислативата има противници. Римокатоличката црква се закани дека ќе прекине со одредени служби во Вашингтон доколку мерката стапи на сила.
Легалноста на истополовите бракови во Вашингтон би можела да стане реалност уште во март 2010-та година.