Група научници од Институтот за технологија од Масачусетс демонстрираа велосипедско тркало специјално дизајнирано за Копенхаген и претставено на маргините на климатскиот самит на ОН што се одржува во данскиот главен град.
Прототипот на „Копенхашкото тркало“ е постројка што содржи мотор и батерии и што може да се инсталира на задното тркало на речиси секој велосипед. Се полни додека се вози и дава поттик на велосипедистот кога е потребно. Постројката содржи брзини и се контролира преку апликација на мобилен телефон на велосипедистот.
Кога велосипедистот ќе закочи, таквиот момент се претвора во електрична енергија преку моторот што велосипедистот може да ја употреби кога е потребно. Прототипот е направен од челик и е многу тежок, но дизајнерите предвидуваат моделот за широка потрошувачка од алуминиум да тежи околу четири килограми.
Сензорите во постројката бележат податоци за редица нешта – од загадувањето на воздухот, па се` до условите на патот.
Развојот на велосипедот го нарачал самиот градоначалник на Копенхаген, а проектот бил поддржан со дополнителни средства од италијанската влада.
Дизајнерите се надеваат дека новиот велосипед ќе се најде во продажба за една година, а цената ќе биде меѓу 700 и 800 американски долари.