„Црн петок“ во САД – дали потрошувачите ќе ја раздвижат економијата?

Наредниот ден по празникот Ден на благодарноста во САД важи за „црн петок“ – така наречен затоа што продавачите доколку се во црвено салдо, имаат голема можност да во црно и да профитираат од големата распродажба што ја започнуваат да ја нудат на овој ден.

Распродажба стана уште поактуелна со оглед на економската криза. Купувачите ширум САД во долги редици преку ноќта кампуваа пред продавниците, чекајќи да отворат, за да најдат поевитини подароци за претстојната сезона на празници. Националното здружение на продавачи предвидува дека 134 милиони Американци деновиве ќе станат – празнични купувачи.

Економистите со внимателност го набљудуваат однесувањето на потрошувачите во овој период како индикатор за економската состојба, со оглед дека потрошувачката отпаѓаат околу две-третини од целата економска активност во САД.