Обама го прими Синг во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама го прими индискиот премиер Манмохан Синг во Белата куќа.

На церемонијата на пречек, Обама кажа дека САД и Индија може да соработуваат во спротиставувањето на глобалните презивици како тероризмот, климатските промени , гладта и сиромаштијата, како и во спречувањето на најсмртоносните оружја во светот.

Премиерот Синг подвлече дека Инидија сака да го продлабочи стратешкото партнерство со САД и да соработува во борбата против предизвиците на светот во кој се случуваат брзи промени.

Покрај средбата со Обама, Белата куќа ќе организира и државна вечера во чест на Синг и сопругата.

На дневен ред на средбата Обама-Синг се очекува да бидат контратероризмот, климатските промени и глобалната економија, како и загриженоста на официјален Њу Делхи дека војната во Авганистан би можела дополнително да го дестабилизира индискиот сосед - Пакистан.