Нов тест за откривање рак на простата

Специфичниот антиген на простата или ПСА е протеин кој го произведува простата и е зголемен во присуство на рак во неа. Научниците сега користат тестови на крвта за следење на состојбата на пациентите откако ќе биде отстранет ракот.

Но, професорот по хемија на Универзитетот Норт-вестерн Чад Миркин вели дека нивото на ПСА на овој начин често не може да се открие со години по операцијата, кога ракот може да се појави во напредна форма и тешко е да се лекува.

Миркин изврши истражување на 18 мажи откако беа отстранети нивните простати по појавата на рак. Користејќи експериментален нано-тест, тој рече дека научниците сакале да видат дали може да предвидат кај кои пациенти може да се врати ракот, базирано на откривање мали количини на ПСА.

Ултра-чувствителниот тест кој користи микроскопски честички кои се прикачуваат на ПСА што е присутна на примерок од крв. Тие можат магнетски да бидат извлечени и измерени со специјален нано-технолошки систем за идентификување.

Миркин додава дека тестот на ПСА е три пати почуствителен отколку актуелниот метод и може да им помогне на мажите кои можеби ќе имаат искуство со повторно враќање на ракот:

„Може да им понудите експериментални терапии, независно дали се работи за хормонска терапија, радијација или хемотерапија. Сега, со помош на ова средство може да измерите дали има навистина ниско ниво на концентрација на ПСА и дали реагираат позитивно на овие терапии“.

Миркин и неговите колеги што ја изработиле студијата се акционери во компанијата која бара одобрување од регулаторната комисија за нови тестирања со ПСА.

Тие во моментов вршат истражување во кое се вклучени 250 пациенти со рак на простата со цел да ги потврдат првичните откритија објавени во Журналот за медицина.