Бајден ќе ги посети Полска, Романија и Чешката Република

Американскиот потпретседател Џо Бајден неделава ќе ги посети Полска, Романија и Чешката Република. Според неговиот советник за национална безбедност Тони Блинкен, Бајден најпрвин ќе пристигне во Варшава во вторник навечер. Американскиот потпретседател ќе го посети Букурешт во четврток, а Прага во петок. Тој ќе се сретне со државните врвови, но и со претставници на цивилното општество во сите три земји. Според претставници на Белата куќа, Бајден ќе разговара за ширење на трговијата и јакнење на демократијата.

Бликен вели дека промената што ја направи претседателот Обама во стратегијата на противракетна одбрана ќе претставува важно прашање на дневниот ред на Бајден, но дека тоа не е единствената причина за турнејата. Бајден ќе ја одбележи и годишнината на паѓањето на Берлинскиот ѕид.