Кина и Русија потпишаа договори за трговија

Кина и Русија потпишаа нови трговски договори вредни милијарди долари на средбата во вторникот меѓу премиерот Владимир Путин и неговиот кинески колега Вен Џиабао.

Рускиот заменик премиер Александар Жуков на новинарите во Пекинг им кажа дека договорите меѓу кинески и руски бизниси вклучуваат два заеми од 500 милиони – еден од Замјоделската банка на Кина за вториот најголем руски кредитор ВТБ и другиот од кинеската Банка за развој за рускиот еквивалент ВЕБ.

Раководителот на рускиот нафтен гигант Газпром (Алексеј Милер) кажа дека Кина и Русија исто така ќе потпишат договор во вторник што ќе испрати 70 милијарди кубни метри природен гас во Кина секоја година.

Кинеските медиуми известуваат и аналитичарите велат дека енергетскиот договор се очекува да биде договор „гас за заеми", сличен на оној од порано годинава – „нафта за заеми" во вредност од 25 милијарди долари.

Путин пристигна во Пекинг во понеделникот на неговото прво патување во Кина откако стана премиер во мај 2008.