Откриен нов прстен околу Сатурн

Тројца американски астрономи тврдат дека откриле нов огромен прстен околу Сатурн. Тие забележале тенок слој на мраз и прашина на околу 12 милиони километри од планетата со помош американскиот вселенски телескоп Спицер.

Во НАСА велат дека прстенот е толку голем што може да собере една милијарда земјини топки. Се верува дека прстенот бил формиран од остатоци на комети што удирале во Фeб, месечината на Сатурн.