Американски федерален судија вели дека ЦИА не мора да објави стотици документи поврзани со испрашување на осомничени терористи кои биле држени во притворните центри на агенцијата во странство.
Судијата Алвин Хелерстајн од Њујорк, рече дека ќе остави ЦИА да процени дали документите треба да останат тајни.
Хелерстајн донесе одлука откако прегледа 65 од 580 презентирани документи од Унијата на американските граѓански слободи.
Адвокатот на Унијата, Алекс Абдо, изрази разочараност од одлуката.
Материјалите вклучуваат документи кои се однесуваат на уништувањето на 92 видео-ленти кои покажуваат техники на испрашување на двајца осомничени оперативци на Ал-Каида.