Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Летните олимписки игри 2016

Американскиот претседател Барак Обама одржа олимписки собир во Белата куќа да ја зајакне поддршката за градот Чикаго и неговите напори да ја добие кандидатурата за домаќин на Летните олимпски игри во 2016-та.

Обама пред олимпијци, параолимпијци, локални ученици, политичари и други поддржувачи, најави дека ако победи Чикаго, „градот ќе ја направи Америка горда, и Америка ќе го направи светот горд".

Меѓународниот олимписки комитет ќе го избере градот-домаќин на Олимпијада на 2-ри октомври во Копенхаген.

Претседателот нема да присуствува на изборот, но ќе ја испрати првата дама Мишел Обама, која ќе ја предводи американската делегација.

Чикаго е во силна конкуренција да ја добие кандидатурата со Рио Де Женеиро, Мадрид и Токио.