Претставен сенатскиот предлог-закон за здравствена грижа тежок 856 милијарди долари 

Претседавачот на сенатската Комисија за финансии го откри долгоочекуваниот предлог-закон за здравствена заштита што предизвикува критика од републиканци и од демократи.

Демократскиот сенатор Макс Бакус, од сојузната држава Монтана, во среда го објави 10-годишниот план тежок 856 милијарди долари.

Мерката предвидува поединците да имаат здравствено осигурување, но го изоставува контроверзниот предлог за владин здравствен план. Таа исто така повикува на проширување на националната програма за здравствена заштита за Американците со мали примања, позната како Медикеид.

Бакус во изјава кажа дека планот е „избалансиран, здраворазумски пакет" што нема да го зголеми дефицитот.

На мерката се гледа како на најверојатната верзија за привлекување двопартиска поддршка, што е клучна цел за американскиот претседател Барак Обама додека се труди да ја истурка својата главна домашна агенда низ Конгресот.
Сепак, предлог-законот практично нема поддршка од малцинските републиканци, а на неа опонираат и некои демократи.