Полицијата ја прошири истрагата за случајот со киднапирање во Калифорнија

Полицијата во западната сојузна држава Калифорнија ја прошири потрагата по докази во истрагата врз брачен пар кој е обвинет за киднапирање на 11-годишно девојче, кое го држеле затворено во нивниот двор 18 години.

Филип Гаридо и неговата сопруга Ненси се изјаснија за невини по 29 кривични основи поврзани со киднапирањето на Џејси Ли Дугард.

Полицијата обелодени дека Дугард била силувана и држена во шатор зад куќата на семејството Гаридо по нејзиното грабнување во 1991-ва.

Таа беше откриена минатата недела кога Гаридо и нејзината сопруга отишле на редовна средба со полициски службеник заедно со Дугард, која сега има 29 години и двете нејзини ќерќи, чиј татко е Филип Гаридо. Ќерќите на Дугард имаат по 11 и 15 години.

Официјални лица вршат ископување во дворот Гаридо и неговата сопруга, но ја проширија истрагата и во соседството.
Тие бараат докази кои може да водат кон други нерешени убиства од Филип Гаридо, вклучувајќи го исчезнувањето на неколку проститутки.

Соседите велат дека Гаридо работел како домар во соседството.