Сите истражувачки проекти на Смитсониан на едно место

Туристите во Вашингтон речиси секогаш сакаат да посетат најмалку еден од многуте музеи на институцијата Смитсониан. Музејот за историјата на природата, како и музејот за воздушни и вселенски достигнувања веројатно се најпопуларните, но изложбите во музеите за американската историја и уметност исто така имаат голема посетеност.

Малку луѓе знаат за важните истражувачки проекти на Смитсониан, кои се случуваат зад затворени врати. Преку веб-страницата SmithsonianScience.org може да влезете во важната работа на врвните научници:

„Науката игра важна улога во секојдневието на институцијата. Секој ден ја истражуваме природата и универзумот, формирањето и еволуцијата на Земјата и другите планети, разбирањето на биолошката разноликост на животот на Земјата, човековата различност и културните промени“, вели Џон Барат, уредник и новинар во Смитсониан.

SmithsonianScience.org постои само неколку месеци, но веќе има богатство од интересни текстови и мултимедијални клипови за откривањето на нови видови на лилјаци во новата колекција на музејот или за раѓањето на нови животни во зоолошката градина. Има и докази за глобалното затоплување во праисторската ера. Некои научници работат во склоп на музеите на Смитсониан, додека други работат во специјализирани истражувачки центри.

„Една од најстарите истражувачки институции е астрофизичката опсерваторија при Смитсониан. Тие го надгледуваат движењето на глечерите во Гренланд. Тие истражуваат колку бргу се топат тие глечери и колку брзо се движат. Тоа тоа го прават со години. Неодамна, измерија дека млечниот пат на галаксијата е многу поголем отколку што се сметало претходно“, вели Барат.

Сериите на видео-материјал за нработата на научниците постојано расте:

„Се викам Стефан Шницер. Работам како помошник истражувач во тропскиот истражувачки центар на Смитсониан во Панама. Истражувам за одржувањето на разните видови и екологијата на лијани, што се вид шумски ластерки, како ова овде“, вели еден од нив на снимката.

За научниот материјал сместен на страницата SmithsonianScience.org уверете се сами.