Напад врз авганистанска болница, загинати 14 талебанци

Авганистанските милитанти нападнаа болница во источната провинција Пактика, по што уследила престрелка со коалиционите сили. Притоа биле убиени 14 припадници на Талебан, а шестмина се уапсени.

Локалните власти и коалиционите трупи успеале да го спасат болничкиот персонал.

Неколку часа подоцна, НАТО соопшти дека двајца американски војници загинале, едниот од импровизирана експлозивна направа во јужниот дел на Авганистан, а другиот војник во милитантен напад на исток.

Во северната провинција Кундуз, од експлозија на бомба загинал првиот човек на одделот за правда.