Последното патување на починатиот американски сенатор Едвард Кенеди кон неговото вечно почивалиште денеска почнува во сојузната држава Масачусетс.
Демократскиот законодавец почина на 77-годишна возраст откако ја загуби едногодишната борба со ракот. Тој беше сенатор речиси половина век.
Членовите на семејството Кенеди ќе ги придружуваат неговите останки од пристанишниот град Хујанис до Бостон. Телото на сенаторот Кенеди ќе биле поставено во претседателската библиотека и музејот на неговиот брат, поранешниот претседател Џон Кенеди.
Илјадници лица се очекува да минат покрај ковчегот на Кенеди. Приватна црковна служба ќе се одржи в петок.
Во сабота, неговото тело ќе биде положено во базиликата во Бостон, каде американскиот претседател Барак Обама ќе одржи говор во кој ќе го слави името на неговиот пријател Тед Кенеди.
Исто така во сабота, телото на сенаторот Кенеди ќе биде пренесено во Националните гробишта во близина на Вашингтон, каде ќе биде погребан до неговите двајца браќа, претседателот Џен Кенеди и сенаторот Роберт Кенеди.