Годишнина на пактот Хитлер – Сталин

На 17-ти август, руската разузнавачка служба за односи со јавноста издаде соопштение во кое вели дека декласифицирала документи кои покажуват дека пактот Молотов-Рибентроп од 1939 година, било советското „единствено средство за самоодбрана“.

Демаршот на шпионската агенција беше последниот од серијата соопштенија на руската влада за кои критиката вели дека имаат за цел одбрана на советскиот диктатор Јосиф Саталин и оправдување на активностите што тој ги преземал кусо време пред и за време на Втората светска војна.

Во првата половина на мај, рускиот министер за вонредни ситуации, Сергеј Шоигу, во парламентот претстави легислатива во која се вели дека би претставувало криминал да се порекне советската победа во Втората светска војна.

Исто така во мај, претседателот Димитри Медведев издаде декрет за формирање на претседателска комисија за справување со, како што рече, обидите за „фалсификување на историјата“.

На средбата одржана во првата половина на јули, ОБСЕ усвои резолуција со која 23-ти август, годишнината од потпишувањето на пактот Молотов-Рибентроп, како ден на сеќавање на жртвите и од времето на сталинизмот и од времето на нацизмот.

Во знак на протест, руската делегација во ова тело го напушти состанокот. Руското Министерство за надворешни работи ја осуди резолуцијата на ОБСЕ како „обид за преиначување на историјата со политички цели“, додека рускиот парламент го нарече „директна навреда на сеќавањето на милионите советски војници кои ги дале своите животи за слободата на Европа од фашистичкото ропство“.

Поранешниот независен претставник на рускиот парламент, Владимир Рушков, рече дека „официјалниот“ руски став за пактот Молотов-Рибентроп е „мошне чуден“.

Рушков прашува зошто денешна Русија, која има демократски Устав и нов демократски легитимитет, треба да ја оправда поделбата на Европа меѓу Хитлер и Сталин.

Тој додава дека овој став е сега вклучен во руските учебници по историја и предизвикал „огромна морална штета“ на руската репутација, особено во источно-европските земји кои биле главни жртви на пактот Молотов-Рибентроп. Овој аналитичар уште вели дека единственото образложение за ставот на руското раководство по прашањето е „симпатија спрема Сталин“.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека многумина обични руски граѓани споделуваат барем дел од ставовите на владата.

Димитри Фурман од Руската академија при Европскиот научен институт ја повикува претседателската комисија да се справи со тоа што го смета за историски фалсификат. Тој вели дека сталинистичката влада има убиено ист или поголем број луѓе споредено со онаа на Хитлер.

Сепак, земајќи го предвид страдањето што Русите го искусиле откако Хитлер го порази Сталин и изврши инвазија на Советскиот Сојуз, Фурман додаде дека е природно што многумина одбиваат да го поистоветуваат сталинизмот со нацизмот.