Американскиот, мексиканскиот и канадскиот лидер се
очекува да презентираат заеднички план за напад против вирусот на свински грип
Ха1Ен1, додека за другите прашања има помала согласност.
Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон на
претседателот Обама доцна синоќа му кажа дека САД треба побрзо да се движат во
давањето на ветената помош за Мексико од 1,4 милијарда долари, како дел на
Иницијативата Мерида, за борба против организираниот криминал. Сто милиони
долари беа одложени заради загриженоста на некои законодавци во врска со
наводни прекршувања на човекови права од
страна на мексиканската армија.
Двајцата претседатели имаа работна вечера со канадскиот премиер Стивен Харпер. Тројцата лидери повторно се среќаваат во понеделник пред Обама да се врати дома.
Значајно место на нивната агенда имаат напорите за ревитализирање на економиите на трите држави.