Сотомајор потврдена за прв судија во Врховниот суд со јужноамериканско потекло

Сенатот ја потврди номинацијата на Соња Сотомајор со 68 гласови за спрема 31 против.

Неколкумина републиканци се придружија на мнозинството демократи во поддршката за Сотомајор.

Кусо време по потврдувањето на номинацијата претседателот Барак Обама кажа дека е „длабоко благодарен" на исходот од гласањето. Тој кажа дека трите принципи на правда, еднаквост и можност се тие што го направија возможно патувањето на Сотомајор до Врховниот суд.