Демонстрации на почетокот на вториот мандат на Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад во средата го започна вториот претседателски мандат. Истовремено, стотици опозициони симпатизери излегоа на улиците да протестират против неговиот повторен избор.

Ахмединеџад положи заклетва на формална церемонија во Техеран, на која учествуваа членовите на иранското собрание. Забележливо беше отсуството на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, како и на поразениот реформистички претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави. Ахмадинеџад рече дека неговиот повторен избор претставува несекојдневна, епска победа за иранскиот народ и исламскиот естаблишмент.

Сведоци велат дека полицијата во Техеран привела најмалку едно лице додека ги растурала демонстрациите кои што се одвивале истовремено со инаугурацијата на Ахмадинеџад, но нема вести за судири.

Според ирански медиумски извештаи, властите уапсиле еден од соработниците на Мусави. Мир Хамид Хасанзадех, кој управувал со Интернет-страницата на Мусави за време на предизборната кампања, бил успасен вторникот.