Клинтон на азиска турнеја

Американската државна секретарка Хилари Клинтон замина на турнеја по Азија, каде се надева дека ќе го унапреди американско-индиското партнерство, за, како што најави, редица прашања од надворешната политика, здравството, образованието, економијата и климатските промени.

Портпаролот на Стејт департментот Роберт Блејк рече дека САД се надеваат надеваат да го зацврстат стратешкото партнерство со Индија што започна во 2005-та со договорот за нуклеарна соработка. Договорот му овозможи на официјален Њу Делхи да купи американска нуклеарна технологија и борбени авиони.

Клинтон ќе ја започне посетата во петок во Мумбаи, каде ќе присуствува на комеморацијата за преку 160 жртви на терористичкиот напад од минатиот ноември.

Блејк кажа дека Клинтон не го заобиколува Пакистан за време на турнејата. Самата државна секретарка во средата најави дека одвоено ќе го посети Пакистан во наредните неколку месеци.

Наредна станица на турнејата е Тајланд, каде Клинтон ќе разговара со премиерот Абхисит Веџаџива, а и ќе ја предводи американската делегација на средбата на Здружението на азиски земји – АСЕАН.