Економистите од ММФ велат дека и годинава се очекува забавување на светската економија од 1,4 проценти, поради намалената глобална трговија. ММФ сепак предвидува дека светската економија во 2010 година ќе забележи пораст од 2,5 проценти, повеќе од 1,9-те проценти споменати во април.
Во извештајот на Фондот сепак се наведува дека економското опоравување и натаму зависи од владината интервенција. Во документот се предупредува дека владите и натаму треба да вршат притисок за стимулативни мерки во 2010-та година, вклучувајќи ја зголемената потрошувачка или поголеми даночни скратувања.
ММФ предупредува и дека многу банки и натаму се неликвидни поради лошите заеми и поради тоа што цените на домовите ширум светот треба допрва да почнат да се зголемуваат.