Портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана за новинската агенција Јонап изјави дека тестирањата на ракетите „се изведени согласно односите“ меѓу Пјонгјанг и Сеул.
Северна Кореја вчера лансираше четири проектили со краток домет. Првите два биле на временско растојание од 40 минути и паднале на околу 100 километри од брегот на Јапонското Море. Неколку часа подоцна биле лансирани и другите два проектила.
Јужнокорејскиот весник ЈонгАнг Илбо вели дека севернокоресјкиот режим наредниве денови можно е да лансира дополнителни проектили.
Претходно се зголемија шпекулациите дека Северна Кореја може да се обиде и да лансира проектили со долг домет кон американската сојузна држава Хаваи, на 4-ти јули, Денот на американската независност.
Сепак, портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана ги игнорираше овие коментари, велејќи дека нема „воено значење“.