Иранската полиција наводно употребила сила против демонстрантите

Демонстрантите се собраа на плоштадот Хафт-е-Тир и покрај предупредувањата од страна на Иранската револуционерна гарда да се не се оддржуваат неодобрени протести.

Претходно, поразениот претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави ги повика своите симпатизери да продолжат со демонстрациите, но да бидат „воздржани“.

„Земјата ви припаѓа вам“, вели Мусави на својата веб страница, додавајќи, „ваше право е да протестирате заради лагите и измамата“, алудирајќи на спорните претседателски избори кои му донесоа мнозинска победа и реизбор на неговиот ривал Махмуд Ахмадинеџад.

Иранската револуционерна гарда од своја страна вети дека ќе ги задуши сите натамошни демонстрации, велејќи им на опозиционите симпатизери да бидат подготвени за „револуционерна конфронтација“ доколку продолжат со протестирањето.