Ирачки официјални лица јавија дека најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 50-тина се повредени во неколку бомбашки напади во Багдад.
Полицијата обелодени дека најмалку тројца студенти се убиени на пат кон полагање завршен испит, кога нивниот мини-бус налетал на патна мина во близина на багдатскиот шиитски кварт Садр Сити.
Најмалку 13-мина се повредени во експлозијата.
При експлозија на бомба во главниот град на провинцијата Карадах – двајца загинале, а повредени се уште 10 лица.
Насилството доаѓа во време кога американските борбени трупи се подготвуваат да се повлечат од ирачките градови до крајот на месецот.