Џорџ Мичел повика на „скорешни“ израелско-палестински мировни преговори

Специјалниот американски претставник за Блискиот Исток изјави дека Вашингтон е определен за решавање на конфликтот преку креирање на палестинска држава. Џорџ Мичел ова го изјави во средата во Рамалах, по разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Мичел кажа дека претседателот Барак Обама јасно предочил дека „единственото остварливо решение за конфликтот е аспирациите на обете страни да бидат исполнети преку постоење на две држави“.

Мичел подвлече дека САД се залагаат за „скорешна обнова на израелско-палестинските преговори и рано изнаоѓање на решение“, со тоа повтoрувајќи го ставот искажан по средбата со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во вторникот. Мичел му порача на Нетанјаху и дека американската заложба за израелската безбедност е „непроменета“, и покрај разликите меѓу САД и Израел околу прашањата на еврејските населби и создавањето на палестинска држава.