Меџик подобри од Кливленд

Со победа во продолжение, домаќините Орландо Меџик синоќа беа подобри од Кливленд Кавалирс во финалето на Источната конференција на Ен-Би-Еј и сега водат со 3-1 во серијата најдобар од седум натпревари.

Ѕвездата на Кливленд и најдобар играч во лигата сезонава Леброн Џејмс даде се` од себе со 44 поени, но Орландо на чело со Двајт Хауард останаа доследни на прекарот – „магични“ и славеа. Кливленд мора да победи во следниот натпревар што се игра на домашен за да избегне елиминација.

Во финалето на Запад, во Лос Анѓелес играат Лејкерс и Денвер Нагетс, а резултатот е 2-2.