„Таен син“ – роман за корените на тероризмот

„Таен син“ е дебитантски роман на Леила Лалами, родум од Мароко. Тоа е фиктивна приказна инспирана од реалноста – социјалната, религиозна, економска комплексност на современо Мароко.

Јусеф Меки живее во сиромашна колиба во Казабланка со неговата мајка. Тој секогаш имал чувство дека таа нешто крие, но не знаел што.

„Му кажала дека неговиот татко бил учител кој бил многу почитуван во градот Фез и оти починал на денот на голем празник, кога Јусeф имал само две години.“, вели авторот Лалами.

Подоцна Јусеф ја открива вистината. Татко му бил жив и не бил учител, туку бизнисмен. Дознава дека во тоа класно општество, тој е нелегитимен син на човек од високата класа и жена со многу понизок статус од неговиот.

Решил да го пронајде татко си, но во тој процес се случиле многу работи кои ја исцртале неговата лична приказна со силна политичка конотација.

Татко му на Јусеф бил расположен за поврзување со синот што за прв пат го среќава, и Јусеф влегува во светот на високата класа во Мароко.

Почнал да игра улога на привилегиран син додека судбината повторно не го испратила во сиромаштијата.

Јусеф станал лесна цел за локална исламистичка фундаментална група, која сакала да го регрутира да изврши терористички напад врз либерален писател.

Во романот Лалами истражува зошто младите луѓе им се придружуваат на такви групи и стануваат терористи. Таа вели:

„Некои можеби тоа го прават затоа што конечно пронашле група која им дава чувство на идентитет. Или можеби поради фактот што групата обезбедува по три оброци на ден, или пак, длабоко веруваат во идеологијата на одредена група. Нивната причина можеби и е од одмазничка природа, ако некој од оние кои ја напаѓаат групата извршил напад врз нивното семејство“, вели авторката.


Лалами вели дека секој терорист е приказна за себе. Но, особено во земјите во развој, вели таа, недостатокот од надеж за подобар живот создава горчина, чувство на отуѓеност и очај меѓу младите.

Писателката вели дека „не наидувате на пример на дете од средна класа кое е вклучено во терорстички акти. Ова е различен вид на тероризам, како оној што го видовме во 11-ти септември, каде сите 19 грабнувачи на авионот се добро образовани млади лица, кои живееле на Запад“.

Лалами минала една година во Мароко, при што правела истражувања на терористичките напади кои се случиле во периодот меѓу 2003-та и 2007-ма: „Во Мароко во 2003-та, имаше четири координирани самоубиствени напади. Ова беше прво искуство со тероризам на земјата во модерното време. Сите кои учествувале во нападот, потекнуваа од сиромашен кварт во Казабланка. Две години подоцна, во 2007-ма, извршителите на нападите исто така потекнувале од тој сиромашен кварт“.

За четири години, вели таа, малку е променето во секојдневниот живот во сиромашните квартови.

Лалами очекува тероризмот да остане закана за општествата уште некое време, зашто злото треба да се нападне во коренот. Иако владата започнала со изградба на модерни градби, се додека постојат големи сиромашни квартови, ќе е потребна национална акција за да се справите со проблемот, а тоа вклучува интервенција во образованието, здравствената нега, економијата, отварање нови работни места.

Не е проблем само тоа под каков покрив живеете, туку сето она што оди со него, вели авторката.

Како посател, Леила Лалами вели дека се надева дека читателите ќе се стават во кожата на нејзините ликови и ќе уживаат во приказната. Како идеалист, таа вели дека се надева дека „Таен син“ да им покаже на читателите колкава е цената што ја плаќа општеството заради игнорирање на сиромаштијата и социјалната неправда.