Над 11.000 лица заболени од свински грип

Светската здравствена организација вели дека бројката на заболените од вирус А-Х1Н1 на свински грип во светот се искачила на преку 11.000, вклучувајќи и 85 починати.

Уште три лица починаа во Мексико, епицентарот на појавата на вирусот, додека САД јавија за уште две жртви – 13- годишно момче во југозападната држава Аризона и 21-годишник од Јута.

Цифрата на починати од смртоносниот грип во САД достигна 10.

САД имаат најголем број инфекции, 5 500 потврдени случаи, додека Мексико има 3900, но најголем број починати – 75.

СЗО јави дека вирусот сега се проширил во 41 земја. Потврдени се случаи во Јужна и Северна Америка, Европа, Азија и Океанија.