Крајслер и Џенерал Моторс затвораат 2.000 продажни салони

Џенерал Моторс, најголемиот производител на автомобили во САД нема да ги обнови договорите за продолжување со работа на речиси 1.000 продажни салони ширум земјата. Чекорот уследи само еден ден откако помалиот ривал Крајслер соопшти дека наредниот месец ќе затвори речиси 800 од своите продажни салони.

Ова е ден кој Стенли Балзекас никогаш не помислил дека ќе го доживее, затварање на неговата компанија, еден од најстарите продажни салони на Крајслер во Чикаго. Тој вели: „Не сакаат веќе компанијата да постои. Тешко ми е. Дојде времето.“

Веста дека салонот треба да биде затворен дошла практично по брза пошта, преку официјално напишано писмо. Токму таквиот гест придонел ќерката на Балзека, Керол, да се почувствува како некој да ја предал. Таа вели дека такво писмо е срамота да се испрати до некој што бил во бизнис 90 години.

Овој продажен салон е само еден од многуте жртви на автомобилската индустрија. Минатата недела Крајслер извести речиси 800 од околу 3.200 продажни салони дека до 9-ти јуни ќе мора да стават клуч на врата.

Минатата недела и 1.100 продажни салони на Џенерал Моторс примија слични известувања.

Пол Тејлор од Националната асоцијација за автомобилски продажни салони, вели дека затварањето на поголемиот дел од нив не е за изненадување. „Неколку децении наназад забележан е огромен пад на автомобилите на Крајслер и Џенерал Моторс“, вели тој.

Џек Фиџералд е сопственик на неколку продажни салони на Џенерал Моторс и Крајслер во сојузната држава Мериленд. Тој вели дека е засрамен, зашто до сега немал отпуштено ниту еден вработен, а наскоро ќе биде присилен да го стори тоа. Тој е убеден дека ништо од тоа нема да придонесе за заштеда за Детроит.

Џон Касеса е експерт за автомобилска индустрија. Според него, овој чекор ќе помогне да се намали компетитивноста меѓу продажните салони што поволно би се одразило за купувачите.

Касеса додава дека помалку и попрофитабилни продажни салони е подобро отколку да се има илјадници помали непрофитабилни салони.

Иницијативата ќе зафати речи една четвртина од вкупниот број продажни салони на Крајслер и Џенерал Моторс ширум САД. Експертите сметаат дека не треба да биде изнедување доколку овој чекор резултира во зголемување на цените на автомобилите.