Ал-Каида и натаму „најголема терористичка закана“ за САД

САД велат дека ал-Каида обновила некои од своите оперативни способности што ги имала пред 11 септември 2001, и дека останува „најголема терористичка закана" за САД и нивните партнери.

Во својот годишен извештај за глобален тероризам, американскиот Стејт Департмент вели дека во годините по нападите од 11 септември ал-Каида и нејзините екстремистички сојузници минале преку границата од Авганистан во делови на Пакистан.

Извештајот вели дека ал-Каида и нејзините сојузници ги користеле тие оддалечени области во Пакистан како засолништа и терени за обука на терористи. Извештајот вели дека ал-Каида комуницирала со своите следбеници , правела заговори за напади и испраќала бунтовнички борци во Авганистан од таму.

Талебан и другите бунтовнички групи и криминални банди, според извештајот, контролираат делови од Авганистан и Пакистан и се закануваат на стабилноста на регионот.

Извештајот посочува на Иран како на „најзначаен" државен спонзор на троризам.

Иранските трансфери на оружје за Талебан во Авганиостан во 2008 продолжуваат да се закануваат на авганистанските и трупите на НАТО и да им нанесуваат штета на стабилизирачките напори.