Републиканците изгубија, а демократите добија сенатор

Американскиот претседател Барак Обама вети поддршка за сенаторот од Пенсилванија Арлин Спектер, еден ден откако овој републиканец со стаж од речиси 30 години во Сенатот ги изненади вашингтонските кругови и најави дека ќе се приклучи на Демократската партија.

Промената на партиските бои на Спектер им дава на дДемократите 59 места во 100-члениот Сенат, едно помалку од мнозинството - 60 со кое републиканците не би можеле да одолговлекуваат или блокираат легислативи во ова тело.