Петреус: Напредокот во Ирак е кревок

Воениот командантна американските сили во Ирак и во Авганистанпредупреди дека безбедносните придобивки во Ирак се кревки и оти претстои тешка борба во Авганистан и во Пакистан.

Генералот Дејвид Петреус, шеф на американската централна команда, сведочеше пред комисија во Претставничкиот дом.

Тој рече дека во Ирак е направен значителен напредок, но оти Ал-Каида во Ирак, иако ослабена, останува способна за изведување напади.

Петреус оцени дека странски борци се враѓаат во земјата, потенцирајќи дека четворица неодамнешни бомбаши-самоубијци се од Тунис.

Во Авганистан, генералот Петреус, рече дека врвен приоритет е да се оневозможи транснационалните терористи да формираат кампови за обука и бази во земјата.

Тој исто така ја повтори американската загриженост за Пакистан, истакнувајќи дека е императив пакистанските лидери да дејствуваат против внатрешни екстремистички групи, за кои тој рече дека се најголема закана за постоењето на земјата.