Македонија го поздрави барањето на група министри на ЕУ за визна либерализација

  • Синиша Станковиќ
    допсиник Скопје

Министрите за надворешни работи на осум членки на ЕУ упатија заедничко барање за забрзување на процесот на целосна визна либерализација за државите од Западен Балкан.

Во заедничкото писмо наминистритеФранко Фратини, Радослав Сикорски, Самуел Жбогар, Кинга Генц, Мирослав Лајчак, Урмас Пает, Марис Риекстинс и Вигаудас Ушацкас, упатено минатиот викенд до потпретседателот на Европската комисијаЖак Баро, еврокомесарот за проширување Оли Рен и до чешкото Претседателство со Унијата, шефовите на дипломатиите на Италија, Полска, Словенија, Унгарија, Словачка, Естонија, Летонија и Литванија го потврдија прогресот на државите од Западниот Балкан во исполнувањето на условите за визна либерализација и побараа неодложно донесување на одлуката за симнување на визната бариера.

Поздравувајќи го ваквото барање на осумте членки на Унијата, македонскиот вицепремиер за европски прашањаИвица Боцевски изјави дека „Владата на Република Македонија и сите влади во регионот се надеваат дека со визната либерализација ќе се постигне отворена можност за патување на нашите граѓани, за соработка со своите врсници, бизнис партнерите од ЕУ".Според Боцевски, тоа„ќе овозможи сите граѓани на Македонија да се изложат на влијанието на ЕУ и со тоа да постигнеме една темелна преобразба на нашите општества".

Според Боцевски, македонските граѓани, плаќаат пет милиони евра годишно за шенген визи, како и дополнителни средства за грчки визи, а 70 проценти од младите во Македонија никогаш не посетиле земја од ЕУ, со што, според него, „се создава генерациски јаз меѓу младите и нивните родители кои слободно патувале во Источна и во Западна Европа". Вицепремиерот смета дека со визната либерализација ќе се зголеми потенцијалот за европеизација и демократизација на целиот регион.