Родео кловнови:  меѓу смеата и борбата со бикови

Ги нарекуваат родео кловнови, но имаат нималку забавна задача. Се борат со биковите, не јавајќи на нив, туку директно, очи-в-очи. Кога родео-јавачот ќе падне од бикот, на сцена стапуваат родео кловновите - го привлекуваат вниманието на бикот. Мајк Мур знае за тоа од прва рака. Вели, кловновите неколкупати му го спасиле животот:

-Кога ќе паднете од бикот, неговиот гнев е насочен на вас. Тогаш кловновите наместо вас го примаат гневот на себе.

Кловнот Кори Вол става малку шминка, главно за да ја забавува помладата публика. За себе смета дека е атлет, борец со специјална задача:

-Борејќи се со биковите, им даваме време на јавачите да излезат од арената.

Професијата е опасна, така што кловновите носат соодветна заштита.

Лион Кофи е познат кловн на најголемото родео во светот, во Хјустон, сојузната држава Тексас. Тој го сака балансот меѓу спасување на јавачите и забавување на посетителите:

-Ако насмеете некого, направите да се забавува и за момент заборави на проблемите - тоа е одлична работа.

Кори Вол признава дека нема да се збогати од професијата, но не би ја менувал. Вели, едноставно ја сака одговорноста да ги спасува родео јавачите.