Вашингтон ја слави пролетта, пријателството со „Црешов цут“

Секоја година, илјадници посетители од САД и светот се собираат во Вашингтон за цутот на црешовите дрвја околу езерцето во близина споменикот на Томас Џеферсон.

Јапонија ги подарила садниците на САД во далечната 1912-та, во знак на пријателство меѓу двете земји. Фестивалот „Црешов цут", што за првпат се одржал во 1935-та, стана едно од иконичните обележја на Вашингтон.

Годинава, двете недели прослава на цутот ќе го одбележат настапите на Вашингтонскиот балет, „енка"-стил пејачот Џеро, како и Њујоршкиот ансамбл Кобу кој комбинира елементи на традиционалните јапонски „таико" тапани со степување.

Повеќето од оригиналните садници се` уште цветаат. Ги посадиле тогашната прва американска дама Хелен Херон Тафт и јапонската вицеконтеса Чинда. Околу езерцето денес вкупно има 3.000 садници – магнет за сетилата кога се во полн цут, од почетокот до средината на април.