Невработеноста расте во американскиот приватен сектор

Нови податоци покажуваат дека невработеноста во приватниот сектор се зголемува, а обемот на производството во земјата се намалува веќе 14-ти последователен месец.

Во извештајот на американската платежна компнија Еј-Ди-Пи се вели дека бројот на невработени за март нараснал на 742 илјади од 706-те илјади во февруари. Аналитичарите очекуваа во март да опадне бројот на невработени и да изнесува околу 663 илјади.

Платежната компанија вели дека американските фирми ги намалиле исплатите низ сите сектори на економијата како одговор на продлабочената рецесија. Во најнов владин извештај се наведува дека во февруари бројот на невработени во САД се зголемил на 8,1 процент, највисоко ниво во последниве 25 години.

Во меѓувреме, американска индустриска група за производство вели дека активностите во американските фабрики се зголемиле, но со позабавено темпо споредено со претходниот месец.