Илјадници гневни демонстранти се собраа во централен Лондон против самитот на Г-20, предизвикувајќи ја полицијата, која изведува една од најголемите безбедносни операции во градот воопшто.
Демонстрантите кршеа прозорци и накусо влегоа во пропаднатата Кралска банка на Шкотска, пред полицијата да ги поттисне. Тие се обидоа и да упаднат во Банката на Англија, додека светските лидери се подготвуваа за самитот. Полицијата исто така блокираше толпи пред Лондонската берза и други финансиски институции.
Хеликоптери го надлетуваат градот, што весникот „Тајмс“ го опишува како „Тврдината Лондон“.
Полицијата вели дека околу 2.500 униформирани офицери во жолта уноформа работат на обезбедување на светските лидери и меѓународните претставници.