Американско пиво загуби на европски суд

Најголемиот производител на пиво во светот загуби во европски суд во постапка за ексклузивно право да се користи името „Бадвајзер" ширум Европа.

Anheuser-Busch InBev беше во долгогодишен спор со чешката пивара Будвар, која претходно ја регистрирала марката во Германија и во Австрија.

Будвар оперира во јужниот чешки град Чешке Будејовице, кој е познат како Будвајз на германски јазик.

Додека судската одлука на Anheuser-Busch InBev му забранува единствено користење на брендот во 27-члената ЕУ, компанијата може да има индивидуални заштитни знаци во секој од европските пазари поединечно.